ЗАВРШИ ДЕТСКИОТ КУЛТУРЕН ФЕСТИВАЛ „ДЕЦАТА ОД БУГАРИЈА ПЕАТ И ИГРААТ ВО ОХРИД“

Истакнато Култура

Синоќа во големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид заврши Детскиот културен фестивал „Децата на Бугарија пеат и играат во Охрид“ во организација на Здружението за култура и уметност АРТ ВИВЕНДИ – Охрид, Фондација Жар-С – Бугарија и Здружението за Македонско-Бугарско пријателство.

Културниот настан почна со пуштање на балони по повод 2 април- Меѓународниот ден на децата со аутизам.

Учество во фестивалот зедоа деца од цела Бугарија …. (ако добијам список го додавам).

Н.Е. амбасадорот на Р. Бугарија Ангел Ангелов имаше свое обраќање во коешто ја поздрави иницијативата и им посака на децата убаво да си поминат за време на фестивалот.

Организаторите на оваа прекрасна културна манифестација изразија желба фестивалот да стане една убава традиција која ги обединува луѓето од двете страни на границата и ги учи децата на почит кон ближниот и љубов кон традиционалниот фолклор и култура.