| |

Голема трагедија во Кочани: Ноќеска се запали дискотека, има десетици жртви

Стравични сцени и драматична борба за спасување на повредени и преживеани се случуваше во раните утрински часови.Бројот на жртви засега никој не го знае, се спомнуваат 20,50 и до 100 жртви.Во гаснењето на пожарот и спасување на младите пристигнаа против пожарни екипи од сите градови на околината,како и возила и медицински екипи.Се претпоставува дека оваа страшна трагедија која не е забележана во историјата на Кочани,се случила од светлосните ефекти во диското за време на концерт на групата ДНК, јавува Телевизија Кочани, пренесува Канал 5.

Како што пренесе Радио Кочани, на местото на настанот има стоитци повредени, меѓу нив и жртви.

„Возилата на ТППЕ, возилата на итна помош не се доволни да ги спасат повредените деца кои буквално лежат на улица, додека дискотаката се уште е во пламен. Цивилни возила доаѓаат од сите страни за да помогнат и се упатуваат во правец на општата болница во кошани“ , со овие зборови Радио Кочани ја пренесува сликата од овој настан.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски веќе се наоѓа нна местото на несреќата и се очекуваат првите информации за трагедијата. Кон местото на несреќата се упати и премиерот Христијан Мицкоски.

Слични Објави