Одбележуваме 88 години од смртта на видниот бугарски историчар и архелог од Охрид Георги Баласчев
На 4-ти октомври 1936 г. во Софија умира видниот историчар и археолог ГЕОРГИ ДИМИТРОВ БАЛАСЧЕВ.
Роден е во Охрид 1868 г. Завршил Бугарска гимназија во Солун, а потоа студирал историја на Вишето училиште во Софија. Во 1898 г. завршил славистика на универзитетот во Виена. Се враќа во Бугарија и бил учител во гимназија. Покасно бил уредник на Народниот археолошки музеј. Бил активист во Младата македонска дружина и издавач на списанието „Лоза“. Бил главен уредник на научното списание „Минало“. Тој бил доброволец во Македоно-одринското ополчение во Бугарската војска за време на Балканските војни. Бил уредник на Македонскиот научен институт во Софија.
Георги Баласчев е автор е на повеќе од 80 научни трудови.
“Со пропаѓањето на источното Бугарско царство се издига западното со комитопулите: четирите синови на Бугарскиот велмож Никола и Рипсимија, кои живееле во областа Мокра на југозапад од Охрид, станват Бугарски цареви и цар Самуил ја избира крепоста Охрид за своја престолнина, така што изградува великолепни царски палати. Во тоа време се преместува во Охрид Бугарскиот патриарх Дамјан кој избегал од Силистра поради неговото завладување од Византија. Со тоа веќе градот Охрид станва седиште на политичкиот и духовниот живот на Бугарскиот народ. Но како политички центар не останва многу долго време, зашто и западното Бугарско царство било покорено од императорот Василиј II Бугароубиецот. Меѓутоа црковните привилегии дадени на Бугарскиот народ од Византија, го осигураа духовното значење на Охрид за Бугарите. Архиепископската автономна катедра во Охрид наречена уште и на Цела Бугарија послужи како стража за запазувањето со векови на Бугарското име низ Македонија. Охрид само посредно содејствувал на грчката култура, која во тие времиња свесно не се всадувала меѓу Бугарите, така што немало пропаганда во тој дух.
Во ХIII век во Охрид и околината се засилува словенската црковна книжнина. Тогаш се напишани Охридсиот апостол, Болонскиот псалтир во с. Рамне (охридско) Слънческиот апостол и редица други книжни паметници, кои сега се пазат во повеќе руски депозитари на книги. Сите тие се од бугарски извод и се продолжение од постарата епоха. За да цвета градот Охрид низ таа епоха содејствувале многу околности така што продолжувал да функционира како престолнина на архиепископијата на Цела Бугарија. Византија за да го укроти нецелосно поробениот Бугарски народ во ХI век не посегнала на Охридскиот институт, патриаршијата, а се задоволила само да го понижи во архиепископија, така што се надевала дека преку своето духовенство да ја запази политичката власт над Бугарите.
Србските владетели со својот народ стоеле во културен однос многу ниско и со страхопочит гледале на Охридската архиепископија. Патешествениците кои минувале низ Србија ја опишале како сосема бедна земја без култура. Охридските уметнички паметници служеле како образец на србските цркви во ХIV век.
Фенерското робство и во Охрид било тежко и погрчувањето на жителите напредувало и тоа се налагало преку училиштата и трговијата. Но преродбата на Бугарскиот народ го спречил тој процес и во охридско најде жив изблик, благодарение на традицијата која беше запазена, дека Охрид беше престолнина на Бугарските цареви и престолнина на архиепископијата на Цела Бугарија. Борците од преродбата се служеа со тие два аргументи против Фенер.“
“По смртта на цар Петар во 969 г., пред да пристигне од Цариград Борис II и пред окупацијата на североисточниот дел на Бугарија од рускиот кнез Светослав, во западните и јужните комитати на Бугарското царство, кои останале речиси незасегнати од византискиот император Јован Цимиски, избувнало сериозно востание, начело на кое што застанале четирите синови на еден Бугарски моќен бољарин со висок чин „комит“ кој што според најстариот словенски надпис од 993 г. најден во преспанското село Герман и според преписот на летописот на Скилица, се нарекувал Никола.
Како комит великиотиот бољарин Никола изгледа, дека го управувал силното и воинствено словенско племе во западна Македонија, познато под името Брсјаци, веројатно со седиште крепоста Преспа или пак Мокра планина.
Четирите комитски браќа или комитопули со библиски имина: Давид, Мојсеј, Арон и Самуил, поради скорешното официјално покрстување на Бугатите, успеале тогаш да ги отцепат западните и јужните комитати од источните на целокупното Бугарско царство, кои што веќе биле попаднати под византиското непријателско господство. Тој е патот, по кој што врвело создавањето на т.н. западно Бугарско царство во македонските земји, начело со четирите владетели.“
