|

На денешен ден пред 102 години завршува основачкиот конгрес на МПО- најстарата активна организација на македонските Бугари во САД и Канада

На 4-ти октомври 1922 г. во Форт Вејн, Индијана САД, завршува основачкиот конгрес на МПО. Конгресот на Македонската Политическа Организација е организиран од Сребрен Поппетров и започнува на 2-ри октомври. Подоцна таа е преименувана во Македонска Патриотична Организација. МПО е најстара и најголема организација на иселениците од Македонија во Америка. Нејзиното основање било лична одлука на водачот на ВМРО Тодор Александров, кој го испраќа адвокатот ЈОРДАН ЧКАТРОВ од Прилеп (завршил Право во Швајцарија) во САД и тој има најголема заслуга во организирањето на емигрантските друштва. Бил назначен за секретар од 1924-1927 г. и го основа и редактира весникот МАКЕДОНСКА ТРИБУНА на бугарски јазик. Покасно Чкатров, во 1946 г. е осуден и убиен од комунистичките изроди.

За прв председател на МПО е избран Анастас Стефанов, родум од Леринско. Маршот „Изгреј зора на свободата“, компониран од Александар Морфов од Пловдив е официјалната химна на Организацијата. Последниот водач на ВМРО Иван Михајлов, успева да ја реорганизира МПО во легален продолжител на ВМРО во Америка, кое е признато во аналитичен извештај на ЦИА од 1953 г., како „американски клон на ВМРО“.

“Владите на грабливците на нашата татковина се стремат да го убедат светот, дека ослободителното движење во Македонија е плод на надворешни, предимно Бугарски државнички махинации, а не на резултат на оние сложености од условите, среде кои изнемоштуваат нашите сонародници. Србските и грчки шовинисти дури го одрекуваат суштествувањето на каков и да е Бугарин во завладеаните територии од нив. Среде тоа се крева историската вистина и сегашните пројави на поробеното население. И без нив, меѓутоа, достаточно е да се погледне на емиграцијата од Македонија во Америка, за да се разбере смислата на целото македонско движење, како и вистината врз националниот карактер на населението од Македонија. Нашата емиграција во Америка се состои главно од бегалци од западна Македонија. Големото мнозинство од нив не биле никогаш во Бугарија. Меѓутоа, ниту еден македонец-словен не декларира во слободна Америка, при недостиг на каков и да е морален или физички притисок, дека тој е Србин. Македонските словени во Америка се чувствуваат како Бугари. Тие имаат Бугарски цркви и училишта; издаваат Бугарски весници и книги; се служат со Бугарскиот јазик, кој им е мајчин јазик, се гордеат со своето Бугарско име и Бугарско сознание. Тие не се и не можат да бидат жртва на „Бугарската пропаганда“.

МАКЕДОНСКАТА ЕМИГРАЦИЈА ВО АМЕРИКА, 1927 г.

Слични Објави