ВО ШТИП БЕА ОДБЕЛЕЖАНИ 105 ГОДИНИ ОД БРЕГАЛНИЧАТА БИТКА

//

Денеска беа одбележани 105 години од Брегалничата битка во месноста Каленица во Штип. На одбележувањето присуствуваа претставници од српската амбасада, државниот секретар од Министерството за труд, социјална политика и боречки права при Влада на Република Србија, членови на здруженија, организации и штипскиот градоначалник Благој Бочварски кој воедно е и потпретседател на СДСМ.

На одбележувањето, свое обраќање, меѓу другите, имаше и градоначалникот Бочварски:

„Оваа битка треба да служи како поука за тоа како народите на Балканот не треба да се однесуваат.

Она што треба секојдневно да го правиме е да подадеме рака секому и да се бориме против поделбите. Да имаме разбирање меѓу себе, да соработуваме и секогаш да имаме на ум дека богатството што Македонија го поседува е во различностите, а убавината е во обединувањето на тие различности. Сега е време да ги отфрлиме политиките на поделби, раздор и конфликт, кои се во спротивност со нашите и европските вредности. Наша должност и одговорност треба да бидат интересите на сите граѓани без исклучок. Ни требаат оптимизам, смиреност и одговорност, почит за минатото, но и одлучен чекор кон подобра иднина.

Да работиме на решавање на споровите и проблемите, да избираме решенија што обединуваат. Да учиме од историјата, а не да ја повторуваме. На темелите од минатото да градиме иднина,” истакна во својот говор градоначалникот Бочварски.



This slideshow requires JavaScript.



Претходна статија

АВСТРИЈА НОВ ПРЕТСЕДАВАЧ: ГОЛЕМ ПРИЈАТЕЛ НА МАКЕДОНИЈА НА ЧЕЛО НА ЕУ

Следна статија

МОРАЧАНИН ОД ДОМ: ДА, ЗА ДЕКРИМИНАЛИЗАЦИЈА НА КАНАБИСОТ!

Најново од Вести