КОЛЕВ ДО ПРАТЕНИЦИТЕ: АКО НЕМАТЕ ИЗЈАВИ ЗА ОТКАЖУВАЊЕ ОД ПАТНИ ТРОШОЦИ ДА ВИ ИСПРАТАМ

Откако Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски ја информираше јавноста дека тој и Зоран Заев потпишале нотарски изјави за откажување од патните трошоци, лидерот на ГДУ Петар Колев кој заедно со неговите колеги Борче Пачемски и Марјан Михов потпишаа такви изјави уште во предизборната кампања, ги повика и останатите 118 пратеници во македонскиот парламент да потполнат такви изјави а ако немаат примероци да им испрати.