| |

Бугарите во САД во недела ќе гласаат на 44 избирачки места

Бугарите во Соединетите Американски Држави в недела ќе можат да гласаат на 44 избирачки места, според одлуката на Централната изборна комисија. На претходните избори нивниот број беше ограничен на 20, јавува БНР.

Избирачките места се распределени во четири конзуларни окрузи. Во округот Вашингтон ќе има 12, во Чикаго и Њујорк по 11, а во Лос Анџелес 10.

На 14 избирачки места ќе се гласа исклучиво со машини за гласање, а на останатите со гласачки ливчиња.

Во областа на Чикаго ќе бидат отворени шест избирачки места, од кои на четири гласањето ќе биде машинско. Во оваа област вообичаено гласаат околу 3.000 или нешто повеќе бугарски гласачи, додека вкупниот број во САД обично се движи меѓу 8.000 и 12.000.

Ограничувањето на бројот на избирачки места на претходните избори предизвика загриженост дека ќе има подолго чекање и дека дел од гласачите ќе се откажат од гласањето.

Слични Објави