|

Зеленски: Германија е вистински пријател, заедно ќе го вратиме мирот во Европа

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска го пречека украинскиот колега Володимир Зеленски.

Зеленски изрази благодарност до Германија при потпишувањето во книгата за посетители во официјалната берлинска резиденција на Штајнмаер.

– Во најпредизвикувачкиот период во модерната историја на Украина, Германија се покажа како наш вистински пријател и сигурен сојузник, кој одлучно стои рамо до рамо со украинскиот народ во борбата за одбрана на слободата и демократските вредности. Заедно ќе победиме и ќе го вратиме мирот во Европа. Ви благодариме, господине сојузен претседател, за личната поддршка на Украина и гостопримството, и на германскиот народ за фантастичната солидарност. Слава на Украина. Данке Дојчланд, напиша Зеленски.

Во Ахен на Зеленски и украинскиот народ попладне ќе им биде врачена наградата Карло Велики за придонес во европското единство.



Слични Објави