Браќата Миладинови, „хрватската пролет“ и вечната жед за идентитетот
Владимир Перев
1.
Некаде на почетокот на март 2026 година, во доцните вечерни часови, ја отворам поштата. Имам писмо-покана од Рашко Иванов, претседател на бугарско-хрватското друштво за пријателство со седиште во Загреб. Ме кани на чествување на 165-та годишница од издавањето на зборникот “Бугарски народни песни“ на браќата Миладинови, ролјата на хрватскиот бискуп Јосип Јурај Штросмајер и најважното, перцепцијата на ткн. “Зборник“ во денешна Северна Македонија. За тоа, за таа перцепција, јас треба да говорам . Согласен сум. Чествувањето ќе се одржи во просториите на Матица Хрватска.
2.
Го читам списокот на говорителите. Рашко Иванов само ќе го отвори заседанието, а ќе говорат од бугарска страна Ангел Димитров и Наум Кајчев, историчари и познати имиња во светот на науката и дипломатијата. Од хрватска страна ќе говори професорот-фолклорист Стипе Ботица, поранешен претседател на Матица Хрватска и Мирко Чуриќ, заменик-претседател на Друштвото на хрватските писатели. Не се чувствувам пријатно, премногу славни имиња со научни титули. Почнувам да се подготвувам и да ги барам моите стари текстови за Миладинови од “Фокус“ во врмето на на Никола Младенов и Зоран-Жоро Димитровски.
3.
Го барам еден од моите пријатели од “поранешните времиња“, сеуште младиот Влатко Стаматовски (познат по аферата “Шпион од 2013 година-изгледа дека јас само такви познавам?!), за елементарни консултации. Кафеански муабет, ама со свежи знаења и реминисценции на младиот Стаматовски. Се сеќава на моите текстови…намерно ми ја гали суетата. Одмолчувам, ама запишувам. Дома го составувам текстот. Подготвен сум. Загреб ме чека.
4.
16 април 2026 година. Влегувам во дворот на Матица Хрватска, исполнет со почит кон славната институција, бардот за слободна мисла и израз. Тука се членовите на Друштвото за хрватско-бугарско пријателство, претставници на печатот и бугарската амбасадорка во Хрватска Ива Крулева. Се говори на хрватски, бугарски и некоја хрватско-бугарска јазична мешавина која, интересно, сите ние ја разбираме. Пријатна и топла атмосфера. Почнува чествувањето. Прв говори Ангел Димитров а по него Наум Кајчев. Го говорат сето она што јас имав намера да го кажам, за непоколебливата национална бугарска идентичност на Браќата Миладинови, за величината на нивното дело и за посегањата и фалсификатите на актуелниот македонизам кон нивното дело и идентитет. Стипе Ботица говори за Зборникот опстојно, стручно и научно, со серија ангдоти и вицеви, кои ни го доближуваат големот дело на Браќата, нам, на обичните луѓе, на разбирлив јазик. Мирко Чуриќ говори за големото дело на Јосип Јурај Штросмајер.

5.
Со стиснато срце се наведнувам кон микрофонот. Сѐ е одамна кажано, сѐ е одамна напишано, сѐ е одамна познато. Мојот подготвен текст е стар, излитен, не вреди ни “пет пари“. Говорам на “мојата варијанта“ на хрватскиот јазик…за идентитетот, како перманентна и вековна борба за негово опстојување. Необично е да се каже, но и крајно нејасно, како за Браќата Миладинови нема снимено ниту еден филм, во Македонија или Бугарија. Оние кои ни ги дадоа “сите песни“, не се опеани во ниту една песна, не се спомненати во ниту една химна. Живеат како јасни и бескопмпромисни бугари по националност, единствени без назнаки за некаков македонизам, оние кои го знаеле до совршенство грчко писмо и со тоа писмо ги запишувале песните. Ние го негуваме само култот кон оружјето, борбите и револуциите, но не и кон перото и културата. Затоа овде, велам, во оваа Матица Хрватска, борбата за хрватскиот идентитет, јазик и култура има долгогодишна традиција, повеќе од сто години, во одбраната на националните вредности. Матица Хрватска, во периодот на Хрватската Пролет, беше пример и на нас, македонските бугари, како треба да се бориме за правата на нашиот идентитет и припадност, како треба да се восхитуваме кон култот на просветата и саможртвата на олтарот на одбраната идентитетот. Бискупот Штросмајер правилно ја оценува величината на нивното дело, но уште повеќе-тој правилно ги насочува кон печатењето на песните со словенско/бугарско писмо. Примерот на неговиот екуменизам денес во Северна Македонија е намерно заборавен, а во нашето општество и низ црковните кругови се говорат нешта против католицизмот, кои се инспирирани од налозите на московското православие. Ако Браќата Миладинови се жртва на грчкото фанариотство и туските затвори, исто така, стотина години подоцна, припадниците на Хрватската Пролет и Матица Хрватска, ќе бидат жртви на српската/југословенската агресија врз хрватскиот идентитет. Тоа се жртви на одбраната на сопствениот идентитет и култура и признавањето на правото врз нивното опстојување и ширење.
Завршувам. Се поздравуваме. Утредента заминувам за Белград.
6.
17 април. Белград ме пречекува со сонце и ведро расположение. Нема демонстрации по улиците. Се среќавам со амбасадорот Ангелов и неговата сопруга Билјана. Ме пречекуваат пријателски, со раширени раце. Следниот ден во паркот Ташмајдан и положивме цвеќе на споменикот на Васил Левски и Георги Раковски, творецот на Бугарската легија во Белград. Легијата учествува во нападот на турската тврдина на Калемегдан и во борбите за ослободување на земјата од Отоманската империја.

В недела ќе има избори, ќе се гласа во амбасадата во Белград.
7.
Сенката на трагедијата на Браќата Миладинови ги обзема моите мисли…тој атавизам, таа борба и нивната трагедија, таа жед за опстојување на сопствениот идентитет…
