| |

Бригадниот генерал Иван Маламов ја презеде командата со Бригадата „Југоисточна Европа“

Церемонија по повод официјалното преместување на Штабот на Бригадата „Југоисточна Европа“ и одбележувањето на 27-годишнината од нејзиното формирање се одржа во Истанбул, Турција, јавува ИЦ на МО на Бугарија.

На церемонијата бригадниот генерал Иван Маламов ја презеде должноста командант на Бригадата „Југоисточна Европа“. Тој ќе ја извршува функцијата три години. Командната должност се презема по ротирачки принцип од земјите учеснички.

На настанот присуствуваа заменик-министерот за одбрана Љубомир Монов и заменик-началникот на одбраната, генерал-потполковник Красимир Канев.

Бригадата „Југоисточна Европа“ е формирана на 26 септември 1998 година со потпишувањето на Спогодбата за создавање на Мултинационалните мировни сили во Југоисточна Европа од министрите за одбрана на Албанија, Бугарија, Грција, Италија, Македонија, Романија и Турција.

Формацијата е наменета за учество во мировни операции, како и во спасувачки и хуманитарни мисии со мандат на Обединетите нации или на ОБСЕ. Нејзиното создавање е израз на определбата на земјите учеснички да развиваат добрососедски односи и соработка во областа на одбраната и безбедноста.

Прв домаќин на Штабот на Бригадата, од 1999 до 2003 година, бил бугарскиот град Пловдив.



Слични Објави