БРИТАНСКИОТ СОН ЗА МИРЕН ФАМИЛИЈАРЕН ЖИВОТ ПОСЛЕ ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА

Втората светска војна носи шокантни последици целиот свет. Обединетото кралство не прави исклучок во случајот. Бомбардирањата, недостатокот на храна и гориво, разделените семејства и уште еден куп ужаси, раѓаат во главите на многу луѓе култ кон мирниот живот, дома покрај каминот без тежнеење кон авантури од било каков тип.

loading...

Но и по војната соништата на многу луѓе за дом и семејство остануваат тешко остварлива цел. Не се само зградите тие што треба да бидат реновирани… Луѓето се скршени духовно.

Еве што помни британката Џоан Кармајкл за денот кога соопштиле дека војната е завршена:

„Денот на победата го дочекав во Бат, каде што пред малку повеќе од една година се преселив заради ново работно место. Со неколку колеги од офисот отидовме до центарот на градот, каде што влеговме во еден паб, каде веќе беше подготвено празнично мени со многу пијалоци. Подоцна отидовме до абатството во Бат, каде што беше собрана огромна толпа луѓе кои танцуваа и пееја до раните утрински часови. По некое време некој предложи да отидеме во Лондон и да славиме таму и така тоа утро после 2 часа патување со воз стигнавме до Падингтон, а од таму со метро и со такси отидовме до Сејнт Пол, симболот на преживеаната Велика Британија, наоколо имаше илјадници радосни луѓе“.

Денот на победата не е крај за воените кампании на Велика Британија. Кралската армија учествува во конфликти во Блискиот и Далечниот исток.

Преминот од војната кон мирот се случува бавно. Сонот за „мирен и среќен живот“ треба да почека.

Еве што раскажува за тоа време Барбара Кук, која својот иден сопруг го сретнува во воз на почетокот на 1944 г. Со љубов преку писма која се одвивала речиси година и половина, двајцата заљубени одлучуваат да стапат во брак на 7 мај 1945 г.

„Невестинскиот фустан го зедовме од „Џон Луис“ во Лечестер, за тогаш крупната цена од 16 фунти. Во 16:00 слушнавме дека војната е завршена и така јас станав една од последните невести од војната. Мојот иден сопруг Том доби телеграма веднаш да се врати во својата единица“, раскажува Барбара.

Два милиони парови се разделени од војната во периодот 1939 до 1946 г. Убиени се околу 300 илјади војници и 67, 635 цивили.



loading...

Љубовта со заби и нокти се бори за да опстане во страшната војна.

Џејмс Тејтр ја среќава својата идна сопруга Марџори во болницата во Лонгдон Хол. Тие се женат во 1943, но за жал во октомври 1944, Џејмс е убиен во Белгија. Плановите на Марџори се уништени, таа е само на 22 години, веќе е вдовица и самохрана мајка. Две години подоцна Марџори запознава друг ветеран од војната, се женат и живеат мирно и среќно до 1994 г. кога сопругот на Марџори умира.

Крајот на војната носи со себе и огромен раст на поднесените молби за развод. Причина за тоа се сомнежите на вратените од фронтот мажи, кои не се сигурни дека нивните сопруги им биле верни. Интересен факт е дека во периодот од 1945 до 1947 во Велика Британија се поднесени речиси 50 илјади молби за развод. Дури имало попуст за ветераните, кои сакале да се разведат, а биле ранети за време на војната.