Брнабиќ: ЕУ не може да дозволи блокади на земји кандидати заради квазибилатерални проблеми
Премиерката на Србија Ана Брнабиќ по вчерашната меѓувладина конференција со ЕУ во Луксембург изјави дека постои опасен преседан кога станува збор за билатералните прашања. Според неа, овие прашања немаат поврзаност со европските интеграции и се поставуваат за да може на соседните земји на Србија да им се стави вето. Според неа тоа е проблем на ЕУ а не на земјите кандидатки.
„Сè нешто може да биде ограничувачки фактор за блокада. Видовме преседани дека некои пар екселанс билатерални прашања кои немаат никаква врска со европските интеграции на една земја се поставуваат како непробоен ѕид на патот на европските интеграции на некоја друга наша соседна држава. Мислам дека тоа е опасен преседан и дека, за жал, можеби ќе биде користен од некои други членки на ЕУ. Мислам дека тоа не е европска вредност. Јас, како загрижен Европеец, верувам во европски вредности и во нашиот европски пат и без оглед на тоа дали ќе бидат отворени или затворени поглавја, дали ќе има позитивни сигнали, ние ќе продолжиме со реформите. Е сега, ако ЕУ сака да стане такво семејство на нации во кое некои држави членки ќе условуваат некои други земји, иако тие имаат сè исполнето, со решавање на некакви билатерални прашања или квазибилатерални проблеми, тогаш тоа е проблем на ЕУ, и тоа се работи со кои ниту можам, ниту сакам да се занимавам“– изјави Брнабиќ по состанокот.

