|

БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ ВО СВЕТОТ НАДМИНА 40 МИЛИОНИ

Бројот на заразени со новиот коронавирус во светот надмина 40 милиони, поточно 40.014.845, покажуваат податоците на интернет страницата Ворлдометер. Бројот на починати од почетокот на пандемијата е 1.115.308, а закрепнале речиси 30 милиони луѓе – 29.927.866. Во моментов во светот има 8.971.671 активен случај, од кои 8.899.700 се со лесни симптоми, а 71.971 се во критична состојба. Најголем број на пациенти сè уште има во САД – 8.343.140, во Индија – 7.494.551, во Бразил – 5.224.362 и во Русија 1.399.334. Од европските земји, најпогодена е Шпанија – 982.723, во Франција има 867.197 и во Велика Британија до сега има 705.428 заразени.



Слични Објави