СО ПРЕПОРАКА ОД МЕСИ: АБИДАЛ ПРИЗНА ДЕКА БАРСЕЛОНА ЌЕ СЕ ОБИДЕ ДА ГО ДОНЕСЕ ЛАУТАРО МАРТИНЕЗ!
Директорот на каталонскиот гигант Барселона, Ерик Абидал, потврди дека го следат напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез.
Веќе некое време Мартинез се поврзува со Барселона, а Аргентинецот би можел да биде долгорочна замена за Луис Суарез.
Мартинез е комплетен играч. Мислам дека игра на многу добро ниво и тој е играч за кој се знаеме. Има голем квалитет, но исто така има голем број на врвни играчи што ги следиме, изјави Абидал.
Тој има постигнато осум гола на 16 натпревари за Интер оваа сезона, а исто така соработува со Лионел Меси во селекцијата на Аргентина.
Се верува дека токму Меси од управата на Барселона побарал да го купат неговиот сонародник.
Извор: Спорт1

