БРОЈОТ НА ЖРТВИТЕ ПО ПАДОТ НА МОСТОТ ВО ЏЕНОВА СЕ ЗГОЛЕМИ НА 42 ЛИЦА

Вести Истакнато Свет

Бројот на жртвите по падот на мост во Џенова се зголеми на 42 лица, објави весникот РиаЊуз24 во саботата. Според овие информации, кои сè уште не се потврдени од страна на официјалните власти, спасувачите самошто успеале да го извлечат телото на 42-та жртва од под урнатините.

Претходно денеска, во сабота спасувачите рекоа дека пронајдоа автомобил разбиен во бетонските блокови, во кои имало семејство од три лица – татко, мајка и нивниот 9-годишен син.

Можеби ова е последната жртва на трагедијата во Џенова, бидејќи само едно име остана на листата на исчезнати лица. Според локалните власти, во болници има уште десет повредени, од кои девет се во критична состојба.