| |

БУЧКОВСКИ: НЕКОИ МАРГИНАЛНИ ГРУПИ САКААТ МАКЕДОНИЈА ДА СТАНЕ ДЕЛ ОД ЕВРОАЗИСКАТА УНИЈА ПРЕДВОДЕНА ОД РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА

Поранешниот премиер и министер за одбрана на Република Македонија проф. Владо Бучковски пред Бугарската национална телевизија изјави дека во Македонија има маргинални групи, кои сакаат нашата земја да стане дел од Евроазиската унија предводена од Руската Федерација. Бучковски рече дека поради геостратешкиот интерес за регионот, има многу шпекулации дали тие групи не се подпомогнати од Русија. Бучковски потсети на изјавите на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и првиот човек на Пентагон, генерал Џејмс Матис за руското влијание во намерите референдумот да биде бојкотиран. Бучковски изјави дека Заев како сегашен премиер поради дипломатичност не ги потврдил информациите за тоа руско влијание, но факт е дека секојдневно се појавуваат илјадници твитови од непознати извори, преку кои се води и кампањата против референдумот. Поранешниот премиер ја спореди оваа ситуација со последните претседателски избори во САД. Според Бучковски мнозинството од тие што ќе излезат да гласат на референдумот ќе гласат ЗА. Тој изјави дека повеќе од 700 илјади ќе го поддржат референдумот, но последниот збор секако ќе го има македонското Собрание, бидејќи референдумот е консултативен.



Слични Објави