| |

ВЛАДО БУЧКОВСКИ ПРЕД БУГАРСКАТА ДРЖАВНА ТЕЛЕВИЗИЈА: ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА Е ГАРАНЦИЈА ДЕКА МАКЕДОНИЈА ЌЕ СТАНЕ ДЕЛ ОД НАТО

„Договорот што е направен со Грција значи промена на нашето уставно име во Северна Македонија, но од друга страна значи гаранција дека ќе бидеме членка на НАТО, час поскоро, моја проценка е дека до крајот на 2019 г. тоа ќе се случи“- изјави поранешниот премиер и министер за одбрана на Република Македонија, професор доктор Владо Бучковски за време на своето вчерашно гостување во утринската програма на државната Бугарска национална телевизија. Бучковски изјави уште дека компромисот е болен, но Македонија нема друга алтернатива за својата иднина освен интеграцијата во ЕУ и НАТО. Поранешниот премиер потсети дека пред почетокот на антиквизацијата Македонија била многу поблиску до остварување на своите стратешки цели. Според него токму со барањето на македонските корени во антиката, се „повампирил“ грчкиот национализам, а Македонија ја изгубила подршката на меѓународната заедница. Бучковски ја искористи приликата да се заблагодари за помошта на бугарската Влада, пред се на премиерот Борисов и на шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева за нивното залагање за европскиот напредок на Македонија, нешто што дојде до израз токму за време на претседателството на братска Бугарија со Европската Унија.

Слични Објави