БУГАРИЈА АКО СЕ ПОЧИТУВА СЕБЕ СИ ТРЕБА ДА ГИ РЕВИДИРА ДРЖАВЈАНСТВАТА!

На протестот организиран од ДПМНЕ кој беше посветен на погубните политики, што ги спроведува владата на Зоран Заев, меѓу тиранската платформа, преговорите за името и промашувањата во економијата, се спомнува и Договорот за добрососедство со Бугарија. Во пропагандниот материјал што се ширеше како повик за присуство на големиот сенароден митинг, Договорот го има високото четврто место како причина плус да му се каже НЕ на Заев. Морам да напоменам дека меѓу присутните на големиот протест видов многу бугарски државјани и кандидати за бугарско државјанство. На тие луѓе им смета договорот, ама не им сметаат пасошите што ги имаат „за секој случај“ в џеб. Ако Бугарија се почитува самата себе како држава треба да ги ревидира токму тие државјанства. Оти не е во ред да поентираш со наводната штетност на договорот со Бугарија, а во истото време да си нејзин државјанин или да чекаш нејзино државјанство. Нема ни логика ни морал во тоа. Ако Бугарија се почитува барем малку се почитува, ако сè уште е држава која ги памети делата на ГОЦЕ, ДАМЕ, ДРАНГОВ, АЛЕКСАНДРОВ….тогаш нека им ги одземе државјанствата на тие на кои Договорот за добрососедство им пречи и истиот е причина за распродажбата на македонските национални интереси. Се уморив да слушам и гледам како бугарски државјани ја вреѓаат и омаловажуваат Бугарија.

Од денеска тоа е приоритет пред мене БУГАРИНОТ, оној истиот кој остана лојален на она парче леб што го печалевте за вашите семејства. Но вие ни Бог ни леб почитувате, затоа САТАР, бај Постоле, Сатар!

Автор: Тој Бугаринот