„Бугарија ер“ го продолжува периодот на летната кампања „Лет до дома“
„Бугарија аир“ го продолжува до 31 август оваа година терминот на нејзината летна кампања „Лет до дома“, објави прес-центарот на националниот авиопревозник.
Промотивните услови важат за директни летови во еден правец од 16 европски дестинации, кои ќе се реализираат до 30 септември годинава. Кампањата опфаќа билети во економска класа за директни летови од голем број европски градови до главниот град на Бугарија.
Париз, Амстердам, Барселона, Атина, Милано и Цирих се меѓу познатите дестинации вклучени во кампањата „Лет до дома“. Други можни дестинации од кои може да се лета се Мадрид, Лисабон, Рим, Берлин, Прага или Лондон.
Во јуни оваа година „Бугарија аир“ отвори две нови директни линии од Варна до чешкиот главен град Прага и до германскиот град Франкфурт.
Фото: БТА
