За нештата да станат појасни: Психички масакар за загубената битка
Пишува: Ели Секуловска
Тема која предизвикува големо незадоволство и е се уште многу актуелна, а тоа е недовршениот процес на денационализација и деконфискација. Имено, комисијата за денационализација не работи, додека пак огромен број побарувања и предмети се уште не се решени!
Ако во 90 – тите години на минатиот век, Северна Македонија сакаше да гради нов економско – политички систем, со нови економско – политички параметри како и материјални и морални вредности, во тој случај потребно беше да се прифатат правилата на престројба во сите нејзини сегменти, бидејќи во спротивно не можеме да зборуваме за транзиција, ниту за прекин со идеологијата на поранешниот систем. Северна Македонија декларативно се определи за нов систем, напуштање на колективната (општествена) сопственост и префрлање на приватна. Но, аплицирањето на декларативното во сложената стварност се чини дека се одвиваше многу бавно, со многу отпори и измислени дилеми, во општи обланди кои криеа конкретни интереси .
Основниот столб на којшто почиваат пазарните економии е приватната сопственост, нејзината неприкосновеност и целосна правна заштита. Спротивно,командните економии се потпираат врз државна, односно општествена сопственост. Процесот на изградба на вистински пазарен амбиент подразбира содавање фактички услови за целосна афирмација на приватната сопственост. Економската логика сугерира дека со Законот за денационализација требаше да се предвиди максимално користење на принципот Restitutio ad integrum, но тоа не е така!
Тргнувајќи токму од овие јасно фундирани сознанија и аргументи, најголемиот дел од некогашните социјалистички земји денационализацијата ја ставија како приоритетна цел на своите агенди. Речиси сите овие земји најнапред донесоа закон за денационализација, а дури потоа пристапија кон приватизација на државната сопственост. Конечно, фактичкото спроведување на денационализацијата, а не само верблано подржување беше најдобриот начин за реално афирмирање на државата пред домашната и странската јавност за детермираноста и иреверзибилноста на определбата за изградба на пазарна економија.
Според истражувањата на познавачите на оваа проблематика, тогашната СФРЈ предничеше во бројот на одземени имоти по глава на жител од сите поранешни комунистички земји .Македонија пак, во рамките на поранешна СФРЈ , предничеше во оземањето на имотите на граѓаните по пат на присилни прописи, особено по пат на конфискација. Најголемите злосторства и конфискации после 1944 година, се случија токму во Битола која се уште го имаше приматот на втор трговски ценар во регионот после Солун. Речиси на сите им беше одземено се, но само Македонските Бугари беа подложени на страшен и монструозен терот.Беа влечени, затворани, убивани .
За да се реализира процесот на денационализација во Северна Македонија, од страна на Светска Банка беа обезбедени два кретити, ФЕСАК и САЛ кредитите, со вкупна вредност од околу 160 милиони американски долари, а истите беа исплатени во по две транши. Но, наместо веднаш да се тргне со реализација на процесот за денационализација , спротивно на економската и правната логика, прво му претходеше процес на приватизација на општествениот капитал, што може да се карактеризира како апсурд Имено, на еднаш сторената неправда на поранешните сопственици им се направи нова, со оневозможување на користење на постојаните недвижности како една од компонентите на правото на сопственост. Сето тоа, според член 30 од Уставот на Северна Македонија може да се карактеризира како владеење на таквите имоти не по основа на право, туку по основа на власт, а токму против таквите дејствија е конципиран целиот Устав на Северна Македонија.
Одземениот деловен простор беше користен и се уште е од други лица со закупен однос заснован по пат на лицитација, во кој како закупувач се јавуваше државата преку Јавното претпријатие за стопанисување на станбен и деловен простор при што се постигнуваа астрономски закупнини за имот кој припаѓал на друг граѓанин! Сите тие дејствија беа и се уште се директен удар врз рамноправноста на граѓаните прокламирана со Уставот. Со имотите одземени со присилни прописи, државата фаворизираше други граѓани на кои квалитетно и квантитетно им ја подобри стартната позиција и кои не можеа а да не се наречат привилегирани , наспроти поранешните сопственици кои не можеа, а и се уште не можат да го користат својот имот. Од една страна, со Уставот и пред меѓународната заедница се прокламираат правата на граѓанинот, а од друга страна , со целиот овој замрсен процес се имобилизираат нивните уставни права .
По дерегулација на конфискацијата и национализација , се поставува прашањето врз основа на што и кој беше и се уште е јавниот интерес на државата од член 30 ст.5 од Уставот на Северна Македонија и во кој закон е утврден тој , за државата и понатаму да владее со национализираните имоти , ги користи, стопанисува , а згора на тоа и да ги дава на користење и стопанисување на приватни претпријатија заради стекнување на профит ?
Законот за денационализација во Северна Македонија беше донесен дури во 1998 година, а истиот е изменет и дополнуван осум пати. Темповите партизани кои се самопрогласија за привилегирани во државата имаа доволно време да ги изведат сите потребни акробации и повторно да ги прелажат како бившите сопственици на имотите, така и меѓународниот фактор. Имено, и во самиот законски проект за денационализација има доста ограничувачки одредби за враќање дури и на физички постоечкиот имот. За сите „фалинки“ во законот за денационализација и деконфискација ќе пишувам дополнително затоа што треба детално да се елаборираат сите недостатоци и мали итроштини од страна на правната фела и за тоа како беше третиран национализираниот, а како конфискуваниот имот.
Одложувањето на денационализацијата имаше доста реперкусии во нејзиното спроведување кое трае и денес, (се уште има многу нерешени предмети) затоа што со текот на времето се воспоставија нови правни односи кои станаа отежнувачки фактор при предавањето на постојаните недвижности во сопственост на поранешните сопственици. Одложувањето на денационализацијата ја усложни и така сложената констелација на имотите одземени со присилни прописи и претставува сериозен удар на сопственоста ,како институт на граѓанското право и примарно уставно и економско право на граѓаниниот.
Меѓународниот фактор будно ја следеше целата таа акробација, а ваквите итромански постапки само и наштетија на Северна Македонија во нејзинито меѓународен рејтинг.
Дополнително , ќе наведам неколку примери како се одвоваше процесот на денационализација и деконфискација во некои бивши комунистички земји .
Денационализацијата во Албанија е регулирана со два закона кои беа донесени во 1993 година. Според законските решенија, поранешните сопственици и нивните наследници имаат право на реституција или на компензација на земјоделското земјиште.
Во Бугарија дојде до значајна реституција на имотите на поранешните сопственици, и тоа според Законот за реставрирање на сопственоста од 1992 година и Законот за компензација од 1993 година. Преку реституција на деловната сопственост во градовите во 1992 година беа креирани дури 25.000 мали и средни бизниси во приватна сопственост.
Во Естонија поднесените барања за реституција на претпијатијата, земјиштето и на становите одземени во текот на комунистичкиот период, заклучно со Април 1993 година ја надминаа бројката од 200 000. До Февруари 1994 година , половина од овие барања беа решени.
Во Латвија беа поднесени повеќе од 300 000 барања за реституција на земјиште ( вклучувајќи и урбано) , од кои до 1994 година 70.000 беа обработени.
Во Романија законското регулирање на процесот на денационализација е усвоен од страна на романскиот Сенат, во Јуни 1994 година, а за да влезе во сила потоа беше усвоен од страна на долниот дом на Парламентот. Со овој закон беа предвидени конкретни решенија за повеќе од 250 000 поранешни сопственици.
Чешка и Словачка ( односно поранешна Чехословачка) го донесоа Закнот за реституција уште во Октомври 1990 година. Околу 30.000 индустриски објекти, административните згради, шуми и земјоделски површини кои беа национализирани помеѓу 1948 и 1955 година, како и 70.000 комерцијални и станбени објекти, национализирани меѓу 1955 и 1959 гдоина, им беа вратени на поранешните сосптвеници или на нивните наследници.
Во Словенија, според Законот за денационализација (1993), земјиштето и зградите можат да им бидат вратени на поранешните сопственици.
Во Унгарија, околу 1.2 милиони граќани добија „компензациони купони“ како реституциja за сопственоста експроприрана за време на комунистичкиот период. Купоните имаа вкупна номинална вредност од 300 милијарди форинти и можеа да бидат употребени за повеќе намени, вклучувајќи купување на акции во државните претпријатија и станови.
Веројатно не е случајно што овие земји кои отишле најдалеку во процесот на економска транзиција и имаат најголем напредок во регулирањето и реализирањето на денацинализацијата. Во Северна Македонија, донесувањето на Законот за денационализација беше изнуден потег врз основа на притисок и условеност од страна на меѓународната заедница . Следователно на тоа, не беше ни чудно што неговото донесување се одвиваше отежнато и забавено. Денационализацијата беше спроведена само афирмативно пред меѓународната заеница, но многу рестриктивно за поранешните сопственици.Ова е една од причините зошто Северна Македонија денес се наоѓа во ваква лоша економска состојба.
