Бугарија ги информираше партнерите од ЕУ за палењето на автомобилите со дипломатски ознаки пред бугарската амбасада во Скопје
Заменик-министерката за надворешни работи на Бугарија Иванка Ташева на 16 јуни ги информираше своите колеги од ЕУ за палењето на два автомобили со дипломатски ознаки пред бугарската амбасада во Скопје на 15 јуни годинава и ја истакна решеноста на Бугарија да продолжи да се бори против говорот на омраза и создавањето чувство на страв кај Бугарите во Република Северна Македонија.
Ова го соопштија од прес-центарот на Министерството за надворешни работи, откако заменик-министерката Ташева ја претставуваше Бугарија на редовната седница на Советот „Општи работи“ на Европската унија, што се одржа во Луксембург.
Вчера привремената раководителка на Амбасадата на Република Северна Македонија во Софија беше повикана во бугарското МНР заради палењето на дипломатските автомобили во Скопје.
