| |

Бугарија го освои златото и во турнирот по ритмичка гимнастика на Олимписките игри во Токио

Бугарскиот ансамбл за ритмичка гимнастика освои трет златен медал на Олимписките игри во Токио за Бугарија по титулите на Ивет Горанова во карате и Стојка Крастева во бокс. Симона Дјанкова, Стефани Кирјакова, Мадлен Радуканова, Лаура Траатс и Ерика Зафирова го освоија олимпиското злато со вкупно 92.100 поени (47.750 + 44.550).

Втори останаа Русинките со 90.700 (46.200 + 44.500), кои поднесоа приговор истиот беше испочитуван, но дополнителните бодови повторно не беа доволни за првото место. Италијанките завршија на третото место со 87.700 (44.850 + 42.850).

Бугарките ја прекинаа хегемонијата на Русија во ритмичката гимнастика на Олимписките игри. Руските гимнастичарки останаа без титула на Олимпискиот турнир во ритмичка гимнастика за прв пат по Атланта во 1996 година.

Бугарските спортисти го завршија своето учество на Олимписките игри во Токио со вкупно шест медали – титули за ансамблот по ритмичка гимнастика, Ивет Горанова (карате) и Стојка Крастева (бокс), сребрен медал освои Антоанета Костадинова (стрелаштво), а со бронзени медали се закитија Тајбе Усеин и Евелина Николова во борењето.

Слични Објави