Бугарија го почнува EuroVolley 2026 со натпревар против Северна Македонија
Бугарија со натпревар против Северна Македонија во Софија го почнува настапот на Европското првенство во одбојка за мажи – EuroVolley 2026, кое од 9 до 26 септември се одржува во Бугарија, Италија, Финска и Романија, јавува БНР.
Сите натпревари на бугарската репрезентација во групната фаза почнуваат во 19 часот. По дуелот со Северна Македонија, Бугарија ќе игра со Португалија на 11 септември, Украина на 12 септември, Израел на 14 септември и Полска на 16 септември.
Осминафиналните натпревари во Софија се закажани за 19 и 20 септември, а четвртфиналните за 22 септември. Се очекува натпреварите во бугарската престолнина да ги проследат повеќе од 120.000 гледачи.
До 26 септември во неколку софиски паркови ќе се одржуваат и активности посветени на првенството, соопшти Општина Софија.
