БУГАРИЈА ГО УКИНА КАРАНТИНОТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ

Според најновата наредба на бугарскиот министер за здравство Кирил Ананиев, се укинува наредбата за задолжителен карантин на лицата кои влегле на територијата на Република Бугарија во периодот од 20.05.2020 до 31.05.2020 година, а се од земјите членки на Европската унија, Србија и Македонија.

Тоа се однесува на граѓаните за кои причината за карантинот не е контакт со лице заразено со Ковид-19, се наведува во новата наредба на бугарскиот министер за здравство , пренесува БГНЕС.

Мерката карантин останува да важи за сите лица кои во периодот од 20.05.2020 до 31.05.2020 година влегле на територијата на Република Бугарија од Кралството Шведска, Велика Британија, Северна Ирска, Кралството Белгија, Република Ирска, Република Португалија, Кралството Шпанија , Република Малта и Италија.