БУГАРСКИ ПРАТЕНИК ДОНИРА ЗАШТИТНА ОПРЕМА ЗА ПОВЕЌЕ ОД 60 ИЛЈАДИ ЕВРА НА МАКЕДОНСКИТЕ ЛЕКАРИ
Бугарскиот пратеник од редовите на Движењето за права и слободи (ДПС), Делјан Пеевски донираше заштитни облека, очила и медицински материјали, во висина од над 60.000 евра за да им помогне на лекарите во Македонија.
Делјан Пеевски заедно со својата мајка Ирена Крстева е сопственик на голем број медиуми во Бугарија и е еден од најбогатите луѓе во нашиот источен сосед.