| |

Бугарија и Албанија влегоа во Советот за човекови права во Женева- Русија не успеа да се врати во овој орган на ОН

Русија не успеа во нејзиниот обид да се врати во највисокото тело на ОН за човекови права, при што нејзините ривали освоија значително повеќе гласови во Генералното собрание на изборите кои се сметаат за клучен тест за напорите на Западот да се изолира Москва, јавува БГНЕС.

Во тајното гласање, Русија доби 83 гласа „за“, додека Бугариja со 160 гласа и Албанија со 123 ги заземаа 2-те места во истата источноевропска група во Советот за човекови права со седиште во Женева за тригодишен мандат, почнувајќи од 1 јануари.

„Земјите-членки на ОН испратија силен сигнал до раководството на Русија дека владата е одговорна за безброј воени злосторства и злосторства против човештвото“, рече Луис Шарбоно, директор на ОН во Хјуман рајтс воч.

Русија беше исфрлена од Советот пред 18 месеци под дипломатски притисок предводен од САД по нејзината инвазија на Украина во февруари 2022 година.



Слични Објави