Бугарија и Романија ја прошируваат соработката во сферата на одбраната
Бугарија и Романија продолжуваат да ја зајакнуваат соработката во областа на одбраната, беше истакнато на средбата на заменик-началникот на бугарската одбрана, генерал-лејтенант Красимир К’нев, со досегашниот романски воен аташе во Бугарија, полковник Василе-Кристијан Онесимјук, и неговата наследничка, потполковник Анжела-Кристина Пистоља.
К’нев ја нагласи заедничката работа за подобрување на оперативната подготвеност преку вежби, обуки и учество во мултинационални формации, како и придонесот на Романија во борбената група на НАТО во Бугарија.
На средбата беа разгледани и заедничките активности во командите и структурите на НАТО, зајакнувањето на безбедноста на источниот фронт на Алијансата и работата на противминската поморска група во Црното Море, формирана од Бугарија, Романија и Турција.
Како важен проект беше посочено и воспоставувањето Регионална компонентна команда за специјални операции, која двете земји ја развиваат заеднички. Канев изрази уверување дека партнерството ќе продолжи да се унапредува во рамките на НАТО, Европската Унија и билатералната воена соработка.

