Војводата Лазар Томов за Илинден 1903 г. : „Голем подвиг на македонските и тракиските Бугари…“
Извор: Библиотека Струмски
„Веќе изминаа 35 години од овој голем подвиг на македонските и тракиските Бугари, но споменот за него е сè уште свеж, сè уште охрабрувачки, и во мигови на радост или тага со гордост и голем восхит ќе се сеќаваме на најголемото дело на својот дух, на својата волја и енергија.“
„Кон крајот на ноември востанието беше задушено. Населението беше оставено на милост и немилост на судбината.
Но, за слава и чест на бугарскиот народ што се бореше, тој не падна со духот, не ги проколна своите водачи, туку ги прифати и ги заштити. Даме Груев остана со своите другари меѓу народот и со него ги споделуваше тагите и радостите во текот на тешката зима што настапи. Слободата не дојде, но делото на илинденците продолжи, борбата за слобода не згасна.
Слободните браќа не останаа глуви за оваа возвишена и долготрајна борба и во војните од 1912 и 1915 година дадоа илјадници свои мили чеда како жртва за ослободувањето на своите поробени браќа.“
Лазар Томов, водач на Серскиот окружен комитет на ВМОРО, војвода на чета во Разлошко за време на Илинденското востание и претседател на Илинденската организација.

