| |

Бугарија и Турција разговараа во Анкара за унапредување на соработката меѓу копнените сили

Претставници на копнените сили на Бугарија и Турција одржаа билатерални штабни разговори од 5 до 7 октомври во Анкара, посветени на унапредување на воената соработка, објави „Бугарски воен журнал“ на својата фејсбук-страница.

Разговорите беа насочени кон зголемување на ефикасноста на соработката меѓу копнените сили на двете држави, размена на искуства и организирање заеднички активности за обука. Беа разгледани и можности за идни иницијативи.

Бугарската делегација ја предводеше полковник Митко Балтов, заменик-началник на штабот за ресурси на Копнените сили. На чело на турската делегација беше бригадниот генерал Камил Тумба од штабот на Копнените сили на Турција.

Слични Објави