Бугарскиот премиер Радев и романскиот премиер Боложан разговараа за безбедноста во Црното Море по нападите врз трговски бродови
Премиерот на Бугарија, Румен Радев, оствари телефонски разговор со романскиот премиер Илие Боложан во врска со нападите врз трговски бродови во Црното Море.
Во текот на разговорот беше нагласена потребата од уште потесна соработка на трилатерално ниво меѓу Бугарија, Романија и Турција, во интерес на гарантирањето на безбедноста во регионот и безбедната пловидба.
Румен Радев се осврна и на поддршката изразена од ЕУ и НАТО за време на разговорите што ги оствари претходно денеска со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и со генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте. Поддршката се однесува на помош во расветлувањето на околностите на овие напади во Црното Море и на зајакнување на капацитетите за надзор и контрола на воздушниот и поморскиот простор.
