| |

Бугарија и уште 17 земји од ЕУ изразиле интерес за вкупно 127 милијарди евра од фонд во сферата на одбраната

Бугарија и уште 17 земји членки на Европската Унија изразија интерес да обезбедат заеми во вкупна вредност од најмалку 127 милијарди евра од фондот наменет за јакнење на одбранбените капацитети на блокот, соопшти Европската комисија, пренесува БГНЕС.

Фондот, познат како „Активности за безбедност во Европа“, има за цел да генерира вкупно 150 милијарди евра за инвестиции во одбраната. Сите заинтересирани држави треба да ги поднесат своите официјални барања најдоцна до 30 ноември.

Од ЕК нагласија дека првичниот „силен интерес“ на земјите членки им овозможил да започнат подготовки за обезбедување средства преку капиталните пазари.

Земјите кои досега изразиле интерес за користење на средствата се: Белгија, Бугарија, Чешка, Естонија, Грција, Шпанија, Франција, Хрватска, Италија, Кипар, Латвија, Литванија, Унгарија, Полска, Португалија, Романија, Словачка и Финска.

Слични Објави