| |

Бугарија ќе добие седум воени бродови како подарок од Белгија и Холандија

Бугарија ќе ја засили својата морнарица со седум нови брода, кои ќе ги добие како подарок од Белгија и Холандија, објави специјализираното издание Naval News, пренесува 24 часа.

Според информациите, Белгија ќе и подари на Бугарија четири воени бродови од класата „Трипартит“ – истата класа на која припаѓа и бугарскиот миноловец „Цибар“. Предлогот на белгиското Министерство за одбрана бил одобрен од владата на кралството на 12 септември.

Бродовите ќе бидат предадени бесплатно, но бугарската морнарица ќе ги покрие трошоците за нивна поправка и целосна подготвеност за дејствување, како и за нивниот транспорт до Црното Море. Поправките ќе ги изведуваат белгиски бродоградители.

Дополнително, Бугарија се обврзала да обучува украински екипажи за користење на овој тип бродови. Ова доаѓа откако во јуни годинава Белгија и Холандија веќе донираа два воени бродови од истата класа на Украина. Двете држави започнаа да ги заменуваат своите стари воени бродови, откако заедно нарачаа нови бродови за оваа намена.

Во моментот, бугарската морнарица располага со три воени бродови купени од Белгија, идентични на оние што ќе ги добие како донација. Покрај нив, сè уште се во употреба два базни брода од советско производство од 1983 година и три рејдови воени бродови, изградени во Бугарија во раните 90-ти. Флотата располага и со три фрегати по натовски стандарди.

Слични Објави