Османи и Милков утре ќе го посетат повредениот македонски државјанин во Софија
Утре министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ќе оствари работна посета на Софија, при што заедно со министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков, заеднички ќе го посетат повредениот македонски државјанин, кој беше физички нападнат во четврток во Охрид.
Посетата ќе биде искористена за да се разменат мислења меѓу двајцата Министри за инцидентот во Охрид, за зачестените провокации, како и за активностите на двете министерства за превенција и отпорност од сличните провокации.
Извор: zoom.mk
