|

Бугарија ќе обезбеди нова хуманитарна помош за Украина

Бугарија ќе обезбеди хуманитарна помош за Украина во износ од 234.700 лева, што ќе и помогне на земјата да ги задоволи најитните хуманитарни потреби во услови на наближување на зимската сезона и засилените напади врз инфраструктурата. Ова го одлучи бугарската влада на денешната седница, соопшти прес-службата на бугарската Влада.

Финансирањето ќе се обезбеди од средства од буџетот на Министерството за надворешни работи, наменети за развој и хуманитарна помош.

Со оглед на тешката хуманитарна ситуација во Украина, која дополнително се усложнува со претстојниот зимски период, земјата ќе продолжи да биде дел од напорите на Европската унија и меѓународната заедница за решавање на конфликтот и за ублажување на страдањата и поддршката на цивилното население во земјава, соопшти владината прес-служба.

Хуманитарната помош ќе биде доделена на Хуманитарниот фонд за Украина на Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (OCHA), во износ од 156.467 лева, како и на Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР), во износ од 78.233 лева.



Слични Објави