Бугарија ќе се приклучи кон „ѕидот од дронови“ на ЕУ долж источните граници
Бугарија ќе се вклучи во создавањето на т.н. „ѕид од дронови“, иницијатива на Европската унија чија цел е засилување на безбедноста на источните граници. Информацијата ја потврди министерот за одбрана Атанас Запрјанов при неговата посета во Велико Трново, пренесе БНР.
Запрјанов истакна дека повеќе детали ќе бидат познати по видеоконференцијата на министрите за одбрана на земјите членки, закажана за 26 септември. Според него, иницијативата е насочена кон државите на ЕУ што се наоѓаат најблиску до Русија.
„Сите земји ќе се вклучат со средствата со кои располагаат, како и со нови ресурси што треба да се набават. Станува збор за технички средства што ЕУ заедно со земјите членки треба да ги обезбеди“, изјави министерот.

