| |

Бугарија на чекор до еврозоната: Петкова и Радев на состанокот на Еврогрупата во Луксембург

Министерката за финансии на Бугарија, Теменушка Петкова, заедно со гувернерот на Бугарската народна банка, Димитар Радев, ќе присуствуваат на состанокот на Еврогрупата – неформалниот форум на министрите за финансии од земјите кои користат евро како валута, јавува БГНЕС. Средбата ќе се одржи во Луксембург, еден ден пред официјалното заседание на Советот за економски и финансиски прашања (ЕКОФИН).

Во рамките на дискусиите, се очекува претставници на Европската комисија и Европската централна банка да ги презентираат своите проценки за подготвеноста на Бугарија за влез во еврозоната.

По презентациите, министрите од еврозоната ќе расправаат и ќе гласаат за нацрт-препораки со кои се предлага Бугарија да стане 21-ва членка на еврозоната од 1 јануари 2026 година.



Слични Објави