| |

Бугарија нема да поддржи започнување на преговори за РС Македонија

Бугарија не може да го поддржи одржувањето на првата меѓувладина конференција со РС Македонија. Сегашниот проект за преговорна рамка за влез на РС Македонија во ЕУ не ги содржи предлозите на бугарската страна и Бугарија и од тоа следува дека Бугарија не може да ја поддржи конференцијата. Ова за бугарската информативна агенција БГНЕС го соопштува бугарското Министерство за надворешни работи. Од таму велат дека Минстерот за надворешни работи Светлан Стоев ги примил амбасадорите на земјите членки на Европската унија и в.д раководителот на претставништвото на Европската комисија во Бугарија и ги запознал со актуелниот развој на настаните по изборите во Бугарија.

Во однос на почетокот на преговори за членство во ЕУ на РС Македонија од страна на министерот биле нагласени напорите од бугарска страна во последните месеци да бидат решени отворените прашања со Скопје.

„Нема никаков напредок во спроведувањето на Договорот за добрососедство“, вели министерот Стоев и додава дека бугарската страна сѐ уште очекува конкретни чекори за спроведување на прифатените обврски, меѓу кои се : Откажување од територијални и мацински претензии, прекин на говорот на омраза против Бугарија, промена на учебниците во РС Македонија што ќе ја отсликува нашата заедничка историја и гарантирањето на правата на граѓаните со бугарска самосвест.

„Не гледаме напредок, бидејќи нема политичка волја за решавање на тие прашања“, вели Стоев. Тој е дециден дека Бугарија не може да го поддржи одржувањето на првата меѓувладина конференција со Скопје. Министрот додава дека во сегашната преговорна рамка не се внесени предлозите од бугарска страна, затоа Бугарија нема да ја поддржи истата.

Министерот повторно ја потврди поддршката на Бугарија за Албанија основана на нејзините сопствени залуги.



Слични Објави