Бугарија сака да учествува со 20% во концесиите на грчките пристаништа Кавала и Александрополис
Бугарија сака да учествува со 20 отсто во концесиите на грчките пристаништа во Кавала и Александрополис, за кои грчката држава е пред склучување договори, најави бугарскиот премиер Николај Денков по враќањето од Атина.
Денков на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис му ја претставил желбата да учествува во концесиите на двете пристаништа.
„По оваа тема ќе има развој во наредните месеци“, изјави премиерот Денков.
Бугарското учество ќе биде со државна компанија.