| |

Бугарија со четири медали на олимпиадата по астрономија и астрофизика во Романија

Бугарскиот младински тим освои четири медали на Младинската меѓународна олимпијада по астрономија и астрофизика, што се одржа во романскиот град Пјатра Њамц, соопшти Министерството за образование и наука на Бугарија, пренесува Радио Бугарија.

На натпреварот учествуваа 108 ученици од 19 земји, кои ги покажаа своите знаења и вештини во два круга – теоретски и набљудувачки. Теоретскиот дел вклучуваше девет задачи од орбитална механика, сферична тригонометрија, затемнувања, ѕвездена астрономија и егзопланети. Во набљудувачкиот дел, учесниците демонстрираа умешност во читање ѕвездени карти и работа со телескоп.

Сребрени медали освоија Марина Маринова од Русе, Лев Беленки од Варна и Виктор Кожухаров од Националната природно-математичка гимназија во Софија, додека бронзен медал доби Огњан Добрев од Варна.

Раководители на бугарскиот тим беа Ева Божурова од Народната астрономска опсерваторија и планетариум „Николај Коперник“ во Варна и Александар Куртенков од Институтот за астрономија при Бугарската академија на науките.

Слични Објави