|

Заменик-генералниот секретар на НАТО Радмила Шекеринска со предавање во Софија

Заменик-генералниот секретар на НАТО, Радмила Шекеринска, која престојува во Бугарија по повод меѓународна вежба на Алијансата, ќе одржи јавно предавање по покана на Атлантскиот клуб, јавува БГНЕС.

Настанот ќе се одржи на 8 септември во Воениот клуб во Софија. Темите на предавањето ќе бидат насочени кон развојот на индустријата и одбранбените капацитети, како и кон поддршката за Украина во контекст на тековната војна.



Слични Објави