| |

Бугарите од Босилеград ја одбележаа 150-та годишнина од смртта на Васил Левски

Нашите сонародници во Бослеград му оддадоа почит на најголемиот бугарски револуционер Васил Левски на 150-годишнината од неговата смрт. Културно информативен центар Босилеград го организираше одбележувањето овој значаен јубилеј и историски датум.

Поради големиот интерес и многубројниот народ дојден на церемонијата, свеченоста и културната програма се одржаа не во салата на центарот, како што беше најавено, туку пред споменикот на апостолот во центарот на градот , изјави за БНР, Петар Рангелов, новинар од радио „Босилеград“.

Пред пладне, церемонија беше организирана и од општина Босилеград и од Националниот совет на Бугарите во Србија. Во поворката пред споменикот на Левски во Бослеград учествуваа амбасадорот на Бугарија во Белград Петко Дојков, директорката на Извршната агенција за Бугарите во странство Рајна Манџукова, бугарскиот конзул во Ниш Димитар Цанев и граѓани на Босилеград.

Пред споменикот на Апостолот беа поставени венци и цвеќиња. Просторот пред композицијата е ограден пред години и се одржува со доброволна работа на Бугарите во Босилегда, посебно од страна на Димитар Димитров, жител на Босилеград.



Слични Објави