| |

Бугарка беше избрана за градоначалничка во Франција

Бугарката Веселина Гарело е избрана за градоначалничка на францускиот град Сен Максимен де ла Бом, откако го победи кандидатот поддржан од Марин Ле Пен, пренесува Нова ТВ.

Гарело ја започнала својата политичка кариера во партијата на францускиот претседател Емануел Макрон, но подоцна ја напуштила. Таа веќе 13 години е дел од локалната управа и има докторска титула по економија, со специјализација во јавни финанси.

Сен Максимен де ла Бом е историски град во регионот Прованса со околу 18.000 жители и се смета за едно од трите најсвети места во христијанството, бидејќи таму се чуваат моштите, односно черепот на Марија Магдалена.



Слични Објави