Бугарска делегација, предводена од амбасадорот на Бугарија во Северна Македонија, му оддаде почит на Гоце Делчев, пред неговиот саркофаг во црквата Св. Спас во Скопје
Дипломати од бугарската амбасада во Република Северна Македонија, предводени од амбасадорот на Бугарија во Скопје Ангел Ангелов, претставници на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје, внукот на Гоце Делчев Христо Христов и неговата сопруга Десислава Христова и претставници на бугарската заедница во земјава денеска му оддадоа почит на Гоце Делчев по повод 4 мај, денот во кој ја одбележуваме 121-та годишнина од неговата смрт. Тие положија венци и свежо цвеќе пред саркофагот со коските на Делчев во дворот на црквата „Св. Спас“ во Скопје, јавува БТА.
Поминаа 121 година од смртта на легендарниот револуционер Гоце Делчев. Како тој треба да остане во нашите сеќавања? Тој може да биде херојизиран, идеализиран, дури и распнат, за она што го мислел. Но, верувам дека во сеќавањата треба да се држиме до спомените на оние што го познавале, истакна амбасадорот Ангелов, кој се обрна кон присутните со спомен на Христо Силјанов од 1902 година, кој бил комита во четата на Гоце Делчев.
„Напук на стомашните болки, които го мъчеха, Гоце беше весел и приказлив. Веселото и сериозното, невинната шега и острият сарказъм се сменяват у него естествено и плавно, както предутринната белина се слива в светлината на ясния летен ден. С един инцидент, с една описана сцена, комична или трогателна, той извиква най-разнообразни типове и преживелици — познати на Марко и нови за мене — из току-що завършената си обиколка в Костурско. Предателства, убийства на опасни шпиони и блудници жени; игри с плъпналите потери; хитрувания на скъперници, изправени пред него, за да определят сами „доброволната” си помощ — хиляди истории, в които страшното и комичното се преплитат и смесват в една магическа картина. Без да мога още да я обясня, аз вече почвам да чувствувам непосредствено върху си обаятелната сила, с която тоя човек завладява хорските сърца. Помъчих се да надраскам в бележника си първите впечатления от него, но прозата се оказа несъстоятелна и бледна. И когато той ме запита какво бележа, аз не можах да надвия на изкушението и зачетох: Бързай, млад войводо, с вярната дружина
и прехвръквай тия пусти планини!….
Белите очи на Марко се възпламениха, а Гоце, моят вдъхновител, намери, че съм възпял образа на идеален войвода, „какъвто всеки от нас трябва да се стреми да бъде…”, пишува Христо Силјанов во сеќавањето на Гоце Делчев.
„И во Софија и во Скопје има булевари што го носат името на Гоце Делчев. Тие не се директно поврзани еден со друг. Но тие како две паралелни линии со време ќе се спојат во една“, истакна амбасадорот Ангел Ангелов.










