| |

БУГАРСКАТА АМБАСАДА ОРГАНИЗИРАШЕ ПРИЕМ ПО ПОВОД ДРЖАВНИОТ ПРАЗНИК 3 МАРТ ВО АЛЕКСАНДАР ПАЛАС

Синоќа во хотелот Александар Палас се оддржа традиционалниот прием на Бугарската амбасада по повод државниот празник на Бугарија, 3 март. Амбасадорот на Република Бугарија Ангел Ангелов во својот говор стави акцент врз патот на нашата земја на патот кон Европската Унија и НАТО и напорите на Бугарија да помогне што е можно повеќе во овој процес.

Амбасадорот напомена дека Македонија може да смета на Бугарија како сојузник во сите свои стратешки намери за заедничка иднина во големото евроатлантско семејство. Ангелов ја поздрави нашата земја за напредокот што го има постигнато и им посака истрајност на македонските политичари, во напорите за подобра иднина на Македонија. Во својот говор амбасадорот даде и објаснување за важноста на 3 март во историјата на Бугарија и на Балканот.

На приемот во Александар Палас беа присутни голем број македонски политичари, новинари, јавни личности и пријатели на Бугарија. Свои претставници на свечениот настан меѓу останатите партии имаше и Ѓраѓанско Демократската Унија, чија делегација беше предводена од генералниот секретар Димо Петкоски.



Слични Објави