| |

БУГАРСКАТА АМБАСАДА ПОДАРИ 130 ПАКЕТЧИЊА НА ДЕЦА ОД МАКЕДОНИЈА

Амбасадорот на Бугарија во Македонија н.е. Ангел Ангелов и неговата сопруга г-ѓа Билјана Ангелова подарија 130 пакетчиња за деца од Р. Македонија по повод Божикните и новогодишни празници.

Пакетчињата за 80 деца со церебрална парализа и 50 деца со оштетен вид се обезбедени од Министерството за надворешни работи на Бугарија во рамките на проектот: „Бугарски божиќни празници“.

Амбасадорот Ангелов се сретна со родители од Здружението на родители на деца со церебрална парализа од Скопје. За време на самата средба се разгледувани возможностите за продолжување на соработката според линијата на официјалната помош за развој, којашто секоја година Бугарија ја обезбедува за Р. Македонија.

Претседателката на Здружението Марија Билбиловска ја изрази својата благодарност до бугарската амбасада за помошта.

Децата од Домот за слепи во Скопје ги поздравија гостите од амбасадата со празнична новогодишна песничка.



Слични Објави