| |

Бугарската биатлонка Лора Христова ќе ја донира својата опрема на Олимписки музеј – Лозана

Бугарската биатлонка Лора Христова ќе ја донира својата натпреварувачка опрема на Олимписки музеј – Лозана. Донацијата ќе биде реализирана по нејзиниот последен настап од програмата на Зимските олимписки игри – масовниот старт во биатлон за жени на 21 февруари, јавува БГНЕС.

Претставник на Музејот ќе пристигне во Антхолц-Антерселва за лично да ја преземе опремата.

Во писмо упатено до претседателката на Бугарски олимписки комитет, Весела Лечева, од Олимпискиот музеј наведуваат:

„Честитки за фантастичниот резултат на Лора Христова во трката на 15 километри. Не се гледа секој ден биатлонка што настапува толку перфектно! Освен нејзината исклучителна изведба, новата страница во историјата што таа ја испиша за вашиот Национален олимписки комитет и за вашата земја е исто така феноменална.

Поради сите овие причини, Олимпискиот музеј со задоволство би додал дел од опремата на Лора во своите колекции.“

Христова стана првата бугарска медалистка во биатлон по настапот на Ирина Никулчина во Солт Лејк Сити 2002 г. и олимписката шампионка на Бугарија во оваа дисциплина Екатерина Дафовска од Нагано 1998 г.

Слични Објави