| | |

БУГАРСКИ ДИРИГЕНТ

Пишува: Атанас Величков

Корона… корона вирус, корона вирус ај гоу ту Кина, мрш од тука… да ве ебам у уста…

На овие заветни зборови на еден дебил насочени кон група луѓе од Јужна Кореја овековечени во видео за идните генерации ме потсети еден прилог од вчерашните вести на тв „Алфа“, во којшто се поставува прашањето дали среде Скопје ќе се изведуваат песни за Гоце Делчев, но компонирани и диригирани од бугарски диригенти и тоа на годишнината од убиството на револуционерот.

Такво им е нивото за жал…

Диригентот што треба да настапи на 6 мај во македонската филхармонија во рамките на манифестацијата „Гоцеви денови“, е маестро Христо Христов, а истиот освен што е светски признат уметник е и правнук на Христо Делчев, најмалиот брат на Гоце Делчев.

Како што се вели во фамозниот прилог, според информации на тв Алфа станува јасно дека маестро Христов бил поборник на тезата дека Гоце Делчев бил Бугарин. Сосема поинаку информира за тоа друг еден медиум на ВМРО-ДПМНЕ, а имено „Инфомакс“, таму пак маестрото е претставен како паталец кој има сериозни проблеми во Бугарија затоа што се декларира како Македонец. Пропагандистите на Белата палата не се усогласиле и ете ти комична ситуација.

Би сакал да ја потсетам колешката Ѓорѓиевска, потпишана под прилогот со круцијалното прашање дека во центарот на град Скопје одамна има нешто што е поврзано со Гоце и е дело на уметник од Бугарија, мислам на споменикот во Градски парк, чиј автор е вајарот Љубомир Далчев. Ако не планира да организира рушење на споменикот, нејзините патетики се непотребни.

Да не го забораваме и фактот дека маестро Христов не доаѓа за прв пат во „лулката на цивилизацијата“ полна со ситни нецивилизирани битија.

Пред 2 години во истото време и на истото место- македонската филхармонија, камерниот оркестар на филхармонијата и музичари од филхармонијата во Благоевград, под диригентската палка на Христов освен дела на Бах, Бетовен, Вагнер и Сибелиус, претставуваат и дела на самиот диригент посветени на неговиот прадедо.

Градоначалникот на Делчево дури му подарува плакета на истиот „поборник за бугаризација“ на Гоце, како знак на благодарност за одржаниот концерт во малото но убаво пијанечко градче, во чест на светите браќа Кирил и Методиј.

Не е пристојно нели…? Бугарин да диригира среде Скопје, свои дела посветени на дедо му Гоце Делчев. Баш сега, кога претседателот Пендаровски по враќањето од Брисел кажа дека сме биле подготвени да преговараме со Бугарија, бидејќи најверојатно таму плачките од типот не ни ги признаваат јазикот и нацијата не поминале, па му рекле, земете седнете и договорете се, нема како поинаку. Баш сега ли најде тој внукот да доаѓа, па и тие безобразните од филхармонија, што го поканиле се за тепање… Море тие најмногу ама ај да не ја отворам темата.

Некој независен (бидејќи од него ништо не зависи) „добар Бугарин“ од Македонија или бугараш на батерии, би рекол, дека има такви прилози со лошо прикриен говор на омраза , затоа што Бугарија не знае да води политика кон Македонија и ќе ми дозволите делумно да се согласам со него. Бугарија од времето на Иван Костов до доаѓањето на министерката за надворешни работи Екатерина Захариева не ни водела политика кон Македонија. Тоа е жестоката вистина.

Македонија веќе не е на дневниот ред во Бугарија и тоа не е во наша корист. Како што кажа и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, ние не можеме да го создадеме преговарачот од другата страна. Погодните преговарачи веќе не се на власт во Бугарија, а македонската квазиинтелектуална елита во лицето на стендап комичари, колумнисти, поранешни дипломати и слуги на сите режими не го криеа своето задоволство поради тоа.

Претседателот Пендаровски дури го испофали својот српски колега Вучиќ дека е најјак фраер на Балканот, најверојатно со скриената намера да го опипа тлото, дали некој ќе се јави од братска Софија… но ништо. Молк. Дури Каракачанов, контроверзниов не кажа ништо, сега тој си има други проблеми.

Фактот што бисерите родени во Скопје не добиваат реакција од Софија е голем проблем за Македонија. За тоа треба сите да бидеме свесни без разлика на кампот на којшто припаѓаме.

Бугарскиот диригент со бугарските дела на „Гоцеви денови“ не е никаков проблем напротив. Обидот за хистеризирање околу неговиот лик и дело индиректно покажува колку смешни изгледаат медиумските слуги на Белата палата, во нивната борба за одбрана на млитавата македонштина, потпирајќи се само врз омразата кон Бугарија и кон Бугарите. Ништо поразлични не се и медиумите под диригентската палка на Бихачка. Тие пак се обидуваат да држат некакво ниво, со долги и полни со сложени зборничиња колумни, но и кај нив основната порака е дека Бугарите цел живот ќе си останат фашисти и дека треба да и се извинат на Македонија за нешто.

PS: Ако на Пандов му текне да го брани Гоце од неговиот внук бугарски диригент, со протести пред зградата на македонската филхармонија, проверете му ги плакатите, може наместо ликот на Гоце да го стави ликот на Панчо Вилја… Сепак и двајцата се со мустаќи.

PS 1.0: На следниот линк можете да се запознаете малку подобро со ликот и делото на маестро Христо Христов. Има интересна аудио-снимка.

PS 1.1: Дали треба да се забрани германски диригенти да диригираат во Израел композиции на автори од еврејско потекло?



Слични Објави