Бугарски рози ќе цветаат во Бурнаби, Канада
Бугарските рози беа засадени во Бурнаби, Британска Колумбија, Канада. Многу Бугари и канадски граѓани се приклучија на настанот, организиран од Генералниот конзулат на Бугарија во Торонто и Бугарско-канадското друштво во Британска Колумбија.
Розите пристигнаа од бугарското село Друмохар, Ќустендилско, благодарение на Гергана Тодорова и нејзината покојна мајка Малинка Николова. Идејата за иницијативата се роди на средбата меѓу генералниот конзул Велислава Панова и градоначалникот на градот Мајк Харли.
Во градот Бурнаби, каде што живее голем дел од бугарската заедница во областа Ванкувер, има стогодишна градина со рози на планината Бурнаби, според бугарскиот генерален конзулат во Торонто.
