Бугарски војници беа наградени по враќањето од мисијата на НАТО во Косово
Војници од бугарскиот контингент, кои се вратија од учество во операцијата на силите на НАТО во Косово, беа наградени од министерот за одбрана и командантот на Заедничката команда на силите, јавува Информативниот центар на бугарското Министерство за одбрана.
Наградите ги врачи началникот на штабот на ЗКС, бригаден генерал Христо Христов.
„Горд сум што бугарските војници со својот професионализам и посветеност го зацврстуваат авторитетот на Бугарската армија. Докажавте дека достојно го браните името на нашата земја и придонесувате за мирот и стабилноста во регионот“, изјави генерал Христов.

