Бугарскиот амбасадор во САД: Историјата ќе биде услов за влез на Северна Македонија во ЕУ

//

Услов бугарската влада да поддржи отворање и затворање на поглавјата со Европската Унија е Северна Македонија во целост да ги исполни одредбите од Договорот од 2017 година, во кој многу важен дел се историските прашања, изјави новиот бугарскиот амбасадор во Вашингтон Георги Панајотов во интервју за Гласот на Америка.

Според гласилото, амбасадорот изјавил дека Мешовитата комисија составена од македонски и бугарски историчари ќе мора да ги реши сите периоди од заедничката историја пред Северна Македонија да влезе во Европската Унија.

Многу важен дел од Договорот од 2017 година е билатералната Комисија за историски и образовни прашања и нејзината работа на објективно, научно толкување на заедничката историја на двете земји, изјави Панајотов.

Панајотов додал и дека штом ќе се реши историското прашање, проблемот со јазикот нема да може да го наруши односот меѓу двете држави.

Според него, малите промени во францускиот предлог не ја смениле суштината на бугарските барања, и оти ако тоа било случај, Бугарија немала да го тргне ветото.

Бугарскиот амбасадор, меѓудругото, истакнал и за санкционирање на говорот на омраза, како и за депортацијата на македонските Евреи во Треблинка, велејќи: Како е можно браќата Манаки да се слават како херои во сегашната Северна Македонија додека тие одиграа клучна улога во регистрацијата на битолските Евреи кои требаше да бидат депортирани?



Гласот на Америка потсетува дека министерот за надворешни работи Бујар Османи веднаш по потпишувањето на вториот билатерален протокол за исполнување на Договорот за добрососедство и пријателство од 2017 година, рече дека историските прашања нема да бидат одредница за отворање и затворање на поглавјата со ЕУ.

Целосното интервју е објавено на сајтот на Гласот на Америка на македoнски.



Претходна статија

Дополнителна информациja во однос на грантот на бугарската Влада за организациите на Бугарите во странство

Следна статија

Два воени хеликоптери на бугарската армија се вклучија во спасувачката акција по невремето што го погоди бугарскиот град Карлово и неговата околина

Најново од Вести